ФУДБАЛ

Хандановиќ оди во заборав: Интер доведува нов голман

Интер треба да добие нов голман во зимскиот преоден рок.

Како што потврди реномираниот Џанлука ди Марцио, Нероаѕурите на зима ќе го засили 25-годишниот камерунски голман Андре Онана откако ќе се врати од Купот на Африканските нации.

Договорот на камерунскиот голман со Ајакс истекува на крајот од сезоната, па во интерес на холандскиот клуб е да го продаде на зима за да земе пари за него.

Да потсетиме, Онана порасна на Академијата Ето, по што се пресели во Барселона каде стигна до јуниорскиот тим, а од 2015 година е член на Ајакс.

Ова може да значи крај на една голема ера, ерата на Самир Хандановиќ на голот на Интер.

Словенецот е член на тимот од Милано од 2012 година кога пристигна од Удинезе, а до претходната сезона го чекаше првиот трофеј на италијанскиот шампион. Оваа сезона тој е на добар пат да го одбрани.

37-годишниот голман бранеше на 24 натпревари за Интер оваа сезона, а на десет ја задржа својата мрежа недопрена.