Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, потпиша долгорочен договор со клубот. Флик дојде како привремено решение откако Нико Ковач доби отказ, но шансата на клупата на Баерн и тоа како знаеше да ја искористи и клубот го награди со нов договор.
Иако првично беше поставен само како привремено решение додека клубот разговараше со Маурисио Покетино, Жозе Мурињо и други елитни тренери, Флик успеа да се докаже и ја доби подршката од фудблерите.
Тоа беше јасен сигнал и за челниците на клубот да му веруваат на 55-годишниот стратег, кој зад себе има богато фудбалско педигре, но не како прв тренер.