Лигата на шампионите, Купот на Германија, Суперкупот на Германија, Суперкупот на Европа, Бундеслигата, па сега и пехар од Светското клупско првенство. Шест пехари за една година освои Баерн Минхен со тренерот Ханси Флик. Тој засега е тренер кој има повеќе пехари од порази со германскиот првак. Откако седна на клупата на овој тим доживеа само пет порази.
Баерн Минхен со овој учинок го повтори учинокот на Барселона од 2009-та која исто така за ист период, последователно освои шест пехари.