Неофицијално, Стивен Бергхуис нападнал навивач на Ајакс поради расистички скандирања.
Фудбалерите на Ајакс на неславен начин ја завршија сезоната бидејќи Твенте ги победи со 3:1 и со тоа и официјално ги „испрати“ во Лига Европа, а по средбата во Еншеде дојде до голем инцидент. Еден од најдобрите играчи на „копјата“ Стивен Бергуис е снимен како удира навивач на Твенте непосредно пред да влезе во клупскиот автобус и јасно е дека Фудбалскиот сојуз на Холандија веднаш ќе спроведе истрага.
Додека тој се движеше кон автобусот, навивачите на Твенте застанаа покрај оградата и еден од нив се обиде да го испровоцира Бергуис, на што не остана имун ниту играчот на Ајакс. Тој му пришол, му одговорил, а потоа се нафрлил кон него, по што интервенирало обезбедувањето и спречило поголем инцидент, ако воопшто тоа било можно по ударот.
Неофицијалните информации велат дека причината поради која Бергхуис реагирал е расното навредување на неговиот соиграч Брајан Броби, што повеќе ќе се знае кога ќе се отвори истрагата.
Steven Berghuis punched a Twente fan after he allegedly yelled “cancer blackie” at Berghuis’ Ajax teammate Brian Brobbey.
— Zach Lowy (@ZachLowy) May 28, 2023
Да се потсетиме на холандскиот фудбал оваа сезона и како има проблеми со хулиганството , па видовме дека натпреварите се прекинуваат поради големото лудило на навивачите, додека ситуацијата се чини дека не е подобра ниту кога ќе заврши натпреварот бидејќи навивачите се премногу близок со играчите и може слободно да ги навредува и провоцира… Се додека некој од нив го „скрши филмот“, како што беше случајот со Бергујс, со кој капитенот Душан Тадиќ секако ќе разговара на оваа тема .
