ФУДБАЛ

Хаос на мечот од Лига Европа: Судијата го удрија со шише, лудница на стадионот (ВИДЕО)

Натпреварот од првото коло во Лига Европа помеѓу Омонија и Шериф беше прекинат.

 

Натпреварот беше прекинат во средината на вториот дел, откако главниот судија Раде Обреновиќ од Словенија беше удрен со шише во главата.

Наводно шишето полетало од трибините каде што се најверните навивачи на Омонија.

https://twitter.com/WHlTE1916/status/1567971704684568576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567971704684568576%7Ctwgr%5E598eb1d836170e6192bcb3c52c14f5b72a1857b4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fomonia-sheriff-prekid-sudija-flasa-udarac%2F433643

Во моментов му се помага на судијата, а дали натпреварот ќе продолжи ќе видиме.

На одмор беше 0:2 за гостите од Молдавија.

 

Ова се нови немили сцени на европските терени вечерва, бидејќи претходно навивачите на Ница и Келн направија тотален хаос на стадионот каде имаше и навивачи кои беа тешко повредени.

 

Ќе има многу работа за УЕФА во наредните денови.

 

Не е исклучено кипарскиот тим следните домашни натпревари да ги игра пред празни трибини или дури и надвор од Никозија.

 

Познато е дека навивачите на Омонија се најжестоките на Кипар, но вечерва отидоа чекор подалеку и сигурно одлежаа на својот клуб строга казна од УЕФА.

ПОВРЗАНО

Лига Европа