Истрагата за смртта на легендарниот Диего Марадона сè уште не добила официјален епилог.
Фановите и симпатизерите на легендарниот Аргентинец губат трпеливост, па се одржаа протести во Буенос Аирес.
Аргентинците излегоа на улиците и испратија порака што го потресе фудбалскиот свет.
“Диего не умре, тој беше убиен! Сакаме да бидат казнети сите одговорни за убиството на нашата легенда”, рекоа навивачите на улиците на главниот град на Аргентина.
Додадоа на ова дека Обвинителството на Сан Исидро ја истражува смртта на Марадона. Во моментов, седум лица се под судски спор, меѓу кои и д-р Леополдо Луке, кој го следеше здравјето на Марадона во последните неколку години.
Марадона беше еден од најдобрите фудбалери во светот, а кариерата ја започна во 1976 година во Аргентинос јуниорс.
Потоа играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севиiља и Њуелс Олд Бојс, а последниот клуб во неговата играчка кариера беше Бока јуниорс во 1997 година.
Тој остави најголем белег во дресот на Наполи, со кој освои две шампионски титули во Италија, Купот на Уефа, Купот на Италија и Суперкупот.
За Аргентинската репрезентација забележа 91 настап и постигна 34 гола, а го предводеше Гаучос до светската титула во 1986 година.
Откако заврши со играње, тој исто така ја започна својата тренерска кариера. Првиот клуб беше Текстил Мандиј, после тоа беше тренер на Расинг клубот, а од 2008 до 2010 година репрезентацијата на Аргентина. Тој исто така беше на клупата на Депортиво Риестру, Ал-Васла, Дорадос де Синалоа, а последниот клуб кој го водеше беше Гимназија де Ла Плата.