ФУДБАЛ

Хаос пред вечерашната пресметка во Милано, со нож прободен и тешко повреден навивач на Њукасл (ФОТО)

Навивач на Њукасл е тешко повреден откако бил избоден со нож во центарот на Милано. Еди Мекки во Милано пристигнал со неговиот син да го следи мечот против Милан во ЛШ, заедно со уште голем број други навивачи на англискиот тим, но бил нападнат од маскирани навивачи кои имале ножеви. Медиумите велат дека неговата состојба сега е стабилна, но веднаш бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.