ФУДБАЛ

Хаос во Грција: Прекинато финалето на Купот откако играч беше погоден со камен! (ВИДЕО)

На стадионот „Спирос Луис“ во Атина вечерва се игра финалето од Купот на Грција.

По првите 45 минути Панатинаикос поведе против ПАОК со резултат 1:0, а стрелец во 33. минута од 11 метри беше Каналапиедра.

Шпанскиот фудбалер направи страшна грешка прославувајќи гол пред навивачите на ПАОК, кои почнаа да фрлаат со предмети кон играчите на противничката екипа.

Еден од предметите, поточно каменот, го погоди Аитор Канталапиедра во раката, а судијата означи крај на натпреварот. Фудбалерите на двата тима биле испратени во соблекувалната, каде што пристигнале по општа тепачка.

Натпреварот продолжи по околу 30 минути прекин.

Натпреварот го суди познатиот шпански судија Антонио Матеу Лахоз.