Трите најголеми италијански клубови, Јувентус, Милан и Интер, се во судир поради календарот за натпревари.
Италијанците решија прво да го играат Купот на Италија пред продолжението на Серија А. Покрај Јувентус, Милан и Интер, во полуфиналето е и Наполи.
Реванш натпреварите од полуфиналето треба да се играат на 13 и 14 јуни, според правилата, Јувентус – Милан треба да биде прв на теренот, а еден ден подоцна Наполи – Интер.
Интер е за промена на датумите на натпреварите, додека Јувентус и Милан се согласуваат, што е логично бидејќи тие ќе имаат слободен ден во евентуалното финале.
Антонио Конте, кој треба да го брка заостанувањето од еден гол во Сан Паоло, не го сака фактот дека потенцијален ривал би имал слободен ден.
Патем, првиот трофеј во Италија по пандемијата на коронавирус ќе биде доделен на 17 јуни, кога е закажан последниот натпревар од Купот.