Каков хаос во Италија! Милан ја продолжи лошата форма бидејќи четврти меч по ред не победи во Серија А, а сега ВАР го спаси од спектакуларен пораз против домашниот Лече. „Росонерите“ поведоа со головите на Жиру и Рејндерс, а потоа во четири минути преку Сансоне и Банда во 66. и 70. минута домашните израмнија.
Кога Жиру доби црвен картон во 93. минута, Пиколи ги искористи моментите на збунетост на ривалот и ја „скина“’ мрежата на Мајк Мањан! Од околу 30 метри напред Роберто Пиколи постигна еврогол и видовме големо славје за домаќините.
⚽️🇮🇹 GOAL | AC Milan 2-3 Lecce | Roberto Piccoli
ROBERTO PICCOLI WINS THE GAME FOR LECCE WITH AN AMAZING GOAL!!!!!!pic.twitter.com/5FgI3pnBTW
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 11, 2023
Сепак, радоста беше без причина бидејќи голот беше поништен поради прекршок. Многумина нема да се согласат со оваа одлука бидејќи судијата ја репродуцираше снимката и виде фаул во воздушен дуел меѓу двајцата играчи непосредно пред топката да слета на ногата на Пиколи.
