Торинскиот гигант се соочува со вознемиреност.
На Јувентус веќе му се одземени петнаесет бода со одлука на федерацијата како казна за несоодветното финансиско маневрирање на челниците на клубот, најмногу во периодот на Ковид.
Многумина се огласија, дури и играчи како Роналдо и Дибала . Аргентинецот даде вистински увид во состојбата на Јувентус за време на пандемијата, бидејќи Роналдо се сврте кон правниот пат и планира да го тужи Јувентус за неплаќање.
Одземените 15 бода целосно ја затворија трката на Јувентус за најдобрите четири, а под знак прашалник е и учеството во Лига Европа доколку тимот продолжи да игра како во претходниот период. Сепак, тоа не е се. Поради неизвесноста за иднината на клубот, играчите веќе побарале средба со сопственикот на клубот Џон Елкан, играчите не се сигурни за останување во Торино. Летото изгледа како потенцијален егзодус на најдобрите, меѓу кои и Душан Влаховиќ.
„Кориере дело спорт“ носи уште помрачни вести за „бјанконерите“ – Италијанската фудбалска федерација би можела да го казни Јувентус со дополнителни 20 бода поради нерегулирани плати.
Првата казна од -15 поени беше за непријавен профит, втората можеше да биде уште посилна. Ова може да значи и испаѓање на Јувентус во Серија Б! Рочиштето е закажано за март, додека одлуката ќе биде донесена меѓу април и мај. Јувентус моментално има 23 бода по првото одземање на бодови, ја знаеме математиката па јасно ни е каков удар би било второто одземање на бодови. Во Серија А се одиграа 20 кола, „бјанконерите“ ќе мора добро да го подигнат нивото на своите игри за да обезбедат опстанок, колку и да звучи неверојатно сега.
