Петмина фудбалери на Црвена Звезда се позитивни на коронавирус. Станува збор за Марко Гобељиќ, Душан Јовановиќ, Марко Конатар, Његош Петровиќ и Бранко Јовиќиќ.
-Спомнатите играчи се чувствуваат добро и се наоѓаат во строга изолација во постојан контакт со медицинскиот тим на клубот. Гобељиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар имаа симптоми на вирусот и пред мечот од последното коло на Суперлигата против Пролетер, кога е направено тестирањето. Поради претпазливост тој ден не беа на стадион, велат од клубот.
Брако Јовивчиќ кој играл тој ден на мечот, нема симптоми, но сепак и неговиот тест е позитивен.