ФУДБАЛ

Хаос во Торино, во Јувентус најмногу лути на Роналдо

Многу италијански екипи се враќаат на тренинзи, но во редовите на актуелниот шампион Јувентус е вистински хаос.

Според италијанските медиуми утрово, Јувентус нема добро дефиниран датум за враќање на тренинзите, поради што фудбалерите на „Старата дама“ одбиваат да се вратат во Торино, а особено во клубот се лути на Кристијано Роналдо, кој не планира да се врати наскоро.

Тој ужива со семејството во Мадеира и наводно решил да остане со нив заради загриженоста поради пандемијата на коронавирусите, додека во Торино со денови го чекаат неговото враќање, како и враќањето на неколку други странски фудбалери.

Тој, како Де Лихт, Игуаин, Шчесни и Коста, ги чекаат 14 дневна изолација при нивното враќање во Италија, што значи дека дури и на 18 мај, кога е најавено целосното враќање на сите клубови на тренинзите, Јувентус нема да биде целосен.

Во меѓувреме, Парма, Сасуоло, Болоња, Рома и Лацио решија да го започнат тренингот од понеделник, бидејќи имаат дозвола за отворен тренинг во групи.