Малку хаотична сцена во Истанбул парк пред почетокот на трката за Големата награда на Турција.
Имено, Антонио Џовинаци успеа да излета од патеката додека го загреваше болидот, а прашање е дали воопшто ќе започне.
Џовинаци беше одличен во квалификациите, го освои десеттото стартно место, но со несреќа пред почетокот уништи сè.
Италијанецот не е единствениот кој доживеал несреќа бидејќи Џорџ Расел удрил во заштитниот ѕид на влезот од ложата.
https://twitter.com/F1TimeOff/status/1327909899708354561
Механичарите на Вилијамс и Алфа Ромео напорно работат да ги оспособат болидите за трката, која започнува во 11:10 часот по средноевропско време.