Њукасл и Тотенхем ремизираа (2:2) во мечот од 30. коло на Премиер лигата на Англија.
Екипата на Жозе Мурињо ја имаше победата во свои раце, но остана без важни бодови во борбата за Лигата на шампионите во 86-та минута од натпреварот.
Њукасл први поведоа на овој натпревар. Џелинтон погоди за 1:0 во 28-та минута, но потоа следуваше експресен пресврт на Спарс.
Хари Кејн го режираше тоа. Прво израмни на 1:1 во 30-та минута, а само четири минути подоцна погоди за 1:2.
Во продолжението од мечот имаше шанси и од двете страни, а во 86. минута Њукасл израмни. Вилок ја искористи слабата реакција на одбраната на Тотенхем и погоди за конечни 2:2.
Спарс на тој начин останаа без два важни бода во борбата за Лигата на шампионите. Да победеа, ќе беа на четвртото место, но на овој начин тие остануваат петти со два бода помалку од Челзи.