ФУДБАЛ

Хари Кејн во Баерн? Салихамиџиќ беше искрен за тоа, ја откри новата стратегија на клубот

Неодамна германскиот шампион Баерн Минхен беше поврзуван со еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Хари Кејн.

 

Како што се наведува, Англичанецот е на врвот на листата на желби на Баерн за летото 2023 година. Според спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, клубот сака да испроба поинаков пристап дотогаш.

 

Ова ќе биде почеток на нова ера, по осум години клубот се раздели со Роберт Левандовски кој за 50 милиони евра се пресели во Барселона. Се чинеше и веруваше дека Баерн наскоро ќе донесе замена за Левандовски на позицијата број девет, но наместо тоа беше купен крилниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.

Така, Баерн оваа сезона го гледаме без класична деветка, а тоа јасно го кажа Салихамиџиќ кога беше запрашан за актуелните шпекулации за Хари Кејн и евентуалниот трансфер на Англичанецот за рекордна сума:

 

„Ова се гласини. Сега одиме на друг начин. Манчестер Сити и Ливерпул со години беа успешни без бековска деветка“, потенцира 45-годишниот фудбалер во интервју за „Зидојче цајтунг“.

Во исто време, сепак, Хасан јасно стави до знаење дека тие дефинитивно би можеле да тргнат во потрага по вистински број 9 следното лето, доколку сегашниот експеримент не успее:

 

„Тоа е едноставно прашање на пазарот. Во моментов не гледаме класична деветка што би била достапна и прифатлива. Понекогаш сте финансиски способни да спроведете неколку работи одеднаш. Често е коцкање – но со план како основа“.

 

Баерн ова лето веќе потроши речиси 140 милиони евра за нови играчи. Врвен напаѓач како Хари Кејн би чинел уште 80-100 милиони евра, а минхенскиот тим не сака да троши толку пари во овој преоден рок.

Во секој случај, Баерн и оваа сезона ќе биде голем фаворит во сите натпреварувања, без разлика на заминувањето на Левандовски. Клубот веќе го освои германскиот Суперкуп победувајќи го Лајпциг минатиот месец, а вечерва е на пат да ја одбрани титулата, бидејќи ќе ги одмери силите со Ајнтрахт Франкфурт.