ФУДБАЛ

Хари Кејн за историја, пред него успеаја само Герд Милер и Јуп Хејнкес

Тотенхем го победи словенечки Мура синоќа во второто коло од групната фаза на конференциската лига.

Кејн влезе во игра од клупата и до крајот на натпреварот постигна хет-трик во победата на лондонскиот тим од 5:1.

Ова е втора победа за Спарс во третото европско клупско натпреварување. Тимот на тренерот Нун Еспирито, претходно го совлада португалскиот Фереира во првото коло. Во второто коло ремизираа и со Рен.

По трите постигнати гола против Мури, Кејн стана третиот играч во историјата кој постигнал хет-трик во три различни европски клупски натпреварувања. Пред него тоа го постигнаа Герд Милер и Јуп Хејнкес.

Кејн беше блиску до трансфер во Манчестер Сити ова лето, но на крајот остана во Тотенхем, чиј е заштитен знак многу години.