ФУДБАЛ

Харт го менува Кариус на голот на Бешикташ?

Како што стојат работите сега, германскиот голман Лорис Кариус нема да остане во Бешикташ по оваа сезона.

Тој пристигна на двегодишна позајмица од Ливерпул во летото 2018 година, но се чини дека не ги исполни очекувањата на челниците на турскиот тим кои ќе го вратат на „Енфилд“.

Според турските портали, Бешикташ ќе се обиде да го донесе англискиот голман Џо Харт наместо Кариус.

Харт во моментов е член на Барнли, каде што не е прва опција на гол, а со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, јасно е дека ќе го напушти клубот.

Поранешниот чувар на репрезентацијата на Англија има неколку опции во кариерата, а Бешикташ е само една од нив.

Останува да се види дали тој на крајот ќе го замени Германецот на голот на турскиот клуб.