ФУДБАЛ

Хасан Салихамиџиќ ја заврши приказната за големиот трансфер: „Не е вистина“

Кристијано Роналдо во претходните денови беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен.

Бројни европски медиуми пишуваа дека искусен Португалец би можел да дојде во Минхен како замена за Роберт Левандовски, но нема да има ништо од тоа.

Дека Роналдо нема да дојде денеска соопшти спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

 

„Кристијано Роналдо е врвен играч со одлична кариера. Сепак, шпекулациите кои се појавија не се точни“, изјави Салихамиџиќ за Скај.

 

Да потсетиме, Баерн веќе донесе три големи засилувања. Пристигнаа Садио Мане од Ливерпул и дуото од Ајакс Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберч.