Баерн работи на засилување на тимот секој преоден рок, но исто така се обидува да ги задржи сите нивни основни играчи.
Неколку првотимци неодамна потпишаа нови договори, а сега дојде време и за Серж Гнабри.
Според германските медиуми, Гнабри се согласил да го продолжи договорот со Баерн. Пред неколку недели му беше предложен нов долгорочен договор, а играчот одлучи да го потпише.
Ќе добие зголемување на платата со новиот договор, па и самиот ќе биде среќен, исто како и клубот, кој не се откажува од тоа. Преговорите помеѓу агентите на играчот и управата на клубот се завршени.
Актуелниот договор на Гнабри истече летото 2023 година. Тој дојде во Баерн во 2017 година и веќе има многу трофеи – Лига на шампиони, Бундеслига (3), ДФБ Покал (2) …
Поранешниот играч на Вердер и Арсенал оваа сезона забележа вкупно 10 настапи во дресот на Баварците, а неговиот учинок е четири гола плус три асистенции.