ФУДБАЛ

Хау има една голема желба, дали сопствениците на Њукасл ќе ја исполнат?

Еди Хау е новиот менаџер на Њукасл, а веќе започна со составување на играчкиот кадар.

Првата желба на Хау е Арон Ремзи, играч на Јувентус (30).

Играчот од средниот ред има договор со Старата дама до 2023 година, а арапските сопственици на Јувентус би му понудиле цифра од околу 20 милиони евра, што е двојно повеќе од сегашната вредност на овој 30-годишник.

Наводно, арапските сопственици од Хау побараа да состави список со играчи кои ги сака за зимата, меѓу нив и Ремзи, а на Њукасл сигурно ќе му требаат засилувања бидејќи се на дното на табелата во Премиер лигата и оваа сезона ќе биде борба за опстанок, па новите сопственици нема веднаш да расфрлаат пари.

Покрај Ремзи, желба на Хау е и Раул Хименез, а како ќе изгледа Њукасл ќе видиме на почетокот на 2022 година, поточно по Боксинг деј, кој може да биде клучен за сезоната во Њукасл, каде одеднаш се најдоа да се борат за опстанок во друштво на најдоброто..

ПОВРЗАНО

Премиер Лига