Прославениот американски голман Тим Хауард (40) се врати во фудбалот.
Хауард одлучи во септември 2019 година да стави крај на својата богата фудбалска кариера, но во меѓувреме го прекина пензионирањето и најде нов клуб.
Странските медиуми објавија дека Хауард ќе застане на голот на Мемфис, клуб кој се натпреварува во УСЛ Лигата, од кој е косопственик и спортски директор.
„Обожавам да играм и сакам да се натпреварувам и ова ми дава можност да го сторам сето тоа. Од моето пензионирање, мојата опсесија кон фудбалот се зголеми. Желбата за победа продолжува да ме разгорува”, изјави Хауард за Би-Би-Си.
Тој најголемиот дел од кариерата го помина во Англија, каде што бранеше за Манчестер Јунајтед и Евертон, со зад себе повеќе од 400 натпревари во Премиер лигата. Тој исто така одигра 121 натпревар за американската репрезентација.