Хави Мартинез ќе го напушти Баерн по осум години.
Искусниот шпански фудбалер стана вистинска легенда во Минхен, но дојде време за збогување и нови предизвици во кариерата.
Иако Мартинез се поврзуваше со враќање во домашниот клуб Атлетик Билбао, 31-годишниот дефанзивец би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.
Според „Скај Италија“, екипата на Фиорентина е сериозно заинтересирана да го доведе во своите редови. Клубот од Фиренца ќе се обиде да стори се за тој да стане член на клубот, а засега проблем е платата.
Како и да е, тие се убедени дека Мартинез ќе се согласи на нешто помал приход отколку што има во Баерн и дека преговорите ќе се водат со него во наредниот период.
Мартинез освои апсолутно сè со Баерн од 2012 година. Тој одигра вкупно 238 натпревари и постигна 13 голови.