Ричард Хендрикс пристигна во Скопје. Американецот, ќе биде големо засилување за кошаркарската репрезентација на Македонија во претстојните предквалификации за Европското првенство 2021 година.
Искусниот крилен-центар, утринава им се приклучи на останатите кошаркари во мини подготовките за претстојните дуели против Словачка и Швајцарија.
Хенрикс кој последен пат го носеше дресот на Македонија, на ЕП 2015 година, треба да помогне во играта под кошевите, откако Давитков остана без повредените Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски.
Првиот меч Македонија ќе го игра на гостински терен против Словачка веќе во четврток (23 ноември), а три дена подоцна (недела, 26 ноември) во Скопје ќе гостува Швајцарија.