Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес не ја исклучува можноста од ангажман на скапи играчи во зимскиот преоден рок. Според него, Баварците можат да потрошат и до 70 милиони евра за фудбалер.
Не можеме да ги привлечеме играчите како Нејмар и Мбапе. Но, доколку е потребно, Баерн може да плати 50, 60 или 70 милиони евра за играч, рече Хенес.
По 17 круга во Бундеслигата, Баерн е лидер со 41 бод, пред Шалке кој има 30.