ФУДБАЛ

“Here we go”: Ливерпул се засили со играч од 100 милиони евра

Ливерпул е на прагот на уште еден голем потпис, а тоа е напаѓач за кој се бореа најголемите тимови на Стариот континент.

Садио Мане би можел да се пресели во Баерн, под знак прашалник е и судбината на Мохамед Салах кој неодамна одби да го продолжи договорот со „црвените“, па ништо не е препуштено на случајноста. На почетокот на годинава беше доведен одличниот Колумбиец Луис Дијаз, а сега е договорен и трансферот на Дарвин Нуњез.

Нуњез воодушеви со настапите во дресот на Бенфика и многу великани се обидоа да го купат, за на крајот Ливерпул да излезе како победник. За играчот е подготвен петгодишен договор, се е практично договорено, останува само играчот да потпише.

Бенфика преку разни бонуси ќе добие 80 милиони евра плус 20 милиони, па трансферот ќе заврши околу 100 милиони евра.

Извесно е дека Нуњез ќе биде големо засилување за „црвените“, а навивачите на Ливерпул се воодушевени од потегот на клубот, бидејќи на овој начин му уништија голема работа на најголемиот ривал на Манчестер Јунајтед.

22-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 41 натпревар за Бенфика, постигнувајќи дури 34 гола и додаде четири асистенции.