ФУДБАЛ

Херера не знаеше што му се случило: Анхел Ди Марија го исплашил својот соиграч (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ целосно се подготвуваат за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта.

Парижаните утре ќе играат против Аталанта во Лисабон, што е најпријатното изненадување оваа сезона. ПСЖ е голем фаворит во овој судир, но Аталанта покажа дека може да се справи со сите екипи.

Француските медиуми пренесуваат дека атмосферата во тимот на ПСЖ е одлична, и дека играчите на овој тим сакаат конечно да стигнат до титулата европски шампион.

Видеото објавено од ПСЖ исто така покажа дека атмосферата во тимот е одлична. Имено, Ди Марија реши да се скрие после вечерата и да го чека неговиот соиграч Андер Херера за да го исплаши.

Шпанецот не очекуваше вакво нешто од неговиот соиграч и искрено се исплаши, и на крајот го впери средниот прст кон камерата.

https://www.instagram.com/p/CDuZ0MGJSGV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again