ФУДБАЛ

Херој на векот: Салах ги растера хулиганите, правејќи ги бездомниците најсреќни на светот!

Мохамед Салах можеби е голема светска srвезда, но тој никогаш не се откажал од тоа што треба да биде задача на сите – да биде човек!

Откако Ливерпул го победи Арсенал на „Енфилд Роуд“ кон крајот на септември, Салах застанана бензинска пумпа на враќање за дома.

Таму видел хулигани како малтретираат бездомник, веднаш излегол од неговиот скап Бентли и ги растерал напаѓачите, а на бездомникот Дејвид Крег му дал 100 фунти.

“Мо беше одличен како што е за Ливерпул на теренот. Слушна што ми кажуваа група момци, се сврте кон нив и им рече дека истото може да им се случи за неколку години”, изјави Крег за „Сан”.

Надзорните камери на бензинската пумпа го снимија овој настан.

“Единственото нешто што го знам е дека не халуцинирав кога Мо ми пријде и ми даде 100 фунти. Тој е легенда”, рече Англичанецот.

Крег е бездомник веќе шест години откако се раздели од семејството. Ноќите и деновите ги минува во близина на култниот пат „Енфилд Роуд“.

“Тие ми раскажаа секакви работи, ме прашаа зошто прашував, ми кажаа зошто не барам работа. Мо виде што се случува, отиде на банкомат”.

„Мо е доживотен херој во моите очи и сакам да му се заблагодарам“, додаде 50-годишниот поранешен градежен работник.