ФУДБАЛ

Херојот на Интер: Ако не постигнев гол мислев дека ќе бев сј***н (ВИДЕО)

Херојот на Интер, Фратези го постигна голот за победа од 4:3 против Барселона во полуфиналето на ЛШ. Веднаш по мечот се вклучи во емисијата, мега популарното фудбалско шоу на ЦБС каде домаќини се Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс.

Фратези рече дека срцето ќе му излезе од градите од возбуда, дека треперел целиот, но потоа доби прашање од Тиери Анри, кое повеќе беше како констатација, кој вели дека не видел човек на кој му трепери срцето, нервозен, со трема, туку одлучен фудбалер, кој знаел кога и како да шутира. На прашањето од Тиери Анри зошто било тоа така, Фратези одговори:

-Не знам, можеби затоа што мислев ако не погодам ќе бидам сјебан!

Фратези воедно рече дека поради преголемото славење и емоциите му се свртело во главата, по што мораше да побара лекарска помош.