Бразилското крило Родриго ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид, пишува шпанскиот весник Марка.
21-годишниот фудбалер минатата сезона беше еден од хероите на Мадрид во походот кон титулата во Лигата на шампионите.
Родриго постигна два гола задоцнети во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите – во 90. и 91. минута за да ја надополни негативата на неговиот тим против Манчестер Сити, а потоа Карим Бензема го насочи пресвртот со гол во судиското продолжение.
Марка пренесува дека Родриго ќе добие нов договор исто како и неговите сонародници Винисиус Јуниор и Едер Милитао.
Новиот договор за Родриго треба да има откупна клаузула од една милијарда евра, но и да го врзува Бразилецот со Реал во следните шест сезони.
Родриго забележа 108 настапи за Реал, а заедно со Лигата на шампионите, двапати го освои и шпанското првенство и двапати Купот на кралот.
Тој постигна 18 гола и постави 21 гол.