ФУДБАЛ

Херта им ги олесни работите на Јувентус во ЛШ

Добра вест доаѓа за Јувентус два месеци пред возвратниот натпревар од 1/8 финалето од Лига на шампиони против Лион.

Имено, во возвратниот натпревар во Торино, Лион нема да може да смета на стрелецот на единствениот и победнички гол во првиот дуел меѓу овие две екипи, Лукас Тоусарт.

Тоусарт е во сопственост на Херта уште од јануари кога му беа платени 25 милиони на Лион, но тој остана во Франција на позајмица до крајот на сезоната.

Берлинскиот клуб одлучи да не го предаде овој играч од средниот ред на Лион, откако ќе истече заемот на 30 јуни.

„Воодушевени сме што можеме да го поздравивме Лукас како наш нов играч од јули. Имавме срдечен разговор со претставниците на Лион и сакам да им се заблагодарам“, рече директорот на Херта, Мајкл Преец.

Така, од 1 јули Тосарт ќе му биде на располагање на Херта.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони