ФУДБАЛ

Хесус и Икарди, на радарот на Јувентус

Бјанконерите бараат опасен напаѓач за следната сезона.

Јувентус сака да се засили во напаѓачката фаза ова лето.

Италијанскиот гигант го насочи вниманието на двајца напаѓачи: Габриел Хесус од Манчестер Сити и фудбалерот на Интер, Мауро Икард кој е на позајмица во ПСЖ.

Веста ја објави италијанскиот медиум, Тутуспорт.

Двајцата играчи се вредни околу 70 милиони евра.

Бразилскиот напаѓач би можел да го напушти Сити доколку биде исклучен две години од Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, Аргентинецот ја поминува оваа сезона на позајмица во ПСЖ.

А, Интер планираат да го продадат во текот на летото, додека интерес за поранешниот фудбалер на Сампдорија покажа и Реал Мадрид.