Во првиот неделен натпревар од 18. коло на Ла Лига, Гранада на домашен терен ја победи Мајорка со 4:1.
Домашните поведоа по 20 минути игра со голот на Хорхе Молина.
Радоста на домаќините траеше само четири минути кога Родригез погоди за 1:1.
Во 61. минута Молина стана херој на домашната екипа со вториот гол на мечот, со кој ја најави победата на неговиот тим.
Во продолжението Гранада постигна уште два гола. Најпрво Молина стигна до хет-трик во првата минута од продолжението, а за конечни 4:1 се погрижи Пуертас шест минути подоцна.
Мајорка и покрај поразот останува на 14. место на табелата со 20 бодови, Гранда е една позиција послаба со бод помалку.