Најпознатиот македонски фудбалер, кој во моментов игра за Џенова, го привлече вниманието на многу медиуми во Апенините. Имено, на натпреварот помеѓу Удинезе и Џенова, камерман фати интересен детал. Кога го напушти теренот Горан Пандев го привлече вниманието на себе со својата природна фризура.
Иако оваа фотографија беше направена во септември, се уште е хит на Интернет. Во тоа време, македонскиот напаѓач бил “фатен” во моментот кога ја напуштил играта а неговата фризура имаше чудна форма.

На некој му личи на печурката, на некои на секирата, а ги има и оние кои повеќе му личи на машк полов орган. Се на се бројните коментари од понежниот пол се позитивни, за разлика од судиите и противниците кој ни најмалко не сакаат Пандев да му ја покаже фризурата.