Македонската репрезентација во хокеј на мраз во голем стил стигна до златниот медал на „Девелопмент куп“ што изминатите денови се одржуваше во Германија, а на кој учествуваа земји кои немаат изградено затворени арени за хокеј.

„Црвено – жолтите“ во финалето ја совладаа Португалија, декласирајќи ја со 9:3 за искачување на највисокото место на победничкиот пиедестал. Убедливата победа беше најавена уште во првиот период со водство од 3:0, предноста на македонските хокеари во втората третина порасна на 7:1, за со рутинска игра да се задржи позитивата до конечните 9:3.
Со пет победи на петте одиграни натпревари, македонските хокеари покажаа најмногу на ова натпреварување и сосема заслужено стигнаа до првото место.