Новото засилување на Борусија Дортмунд Карим Аџеми изјави дека во моментот кога дознал за интересот од германскиот клуб сфатил дека сака да игра за оваа екипа. Договорот на 20-годишниот германски репрезентативец стана реалност синоќа, веднаш по официјалното објавување на трансферот на Ерлинг Холанд во Манчестер Сити .
„Во моментот кога слушнав за интересот од Дортмунд , знаев дека сакам да потпишам со Борусија “, изјави Адејеми , кој го водеше тимот на австриски РБ Салцбург во последните 4 години . Се одлучив и за долгорочен договор затоа што сум убеден дека ќе направиме возбудлив тим и заедно можеме да се бориме за трофеи“, додаде напаѓачот.
🎬 Willkommen in DO, @karim_adeyemi! pic.twitter.com/t3jqqCcRC4
— Borussia Dortmund (@BVB) May 10, 2022
Карим Адејеми постигна 19 гола за РБ Салцбург во текот на сезоната во австрискиот шампионат, а три гола во Лигата на шампионите. Тој дебитираше за машката репрезентација на Германија на натпреварот против Ерменија во квалификациите за Светското првенство 2022 година и го постигна својот прв гол за тимот.