Несовесен потег на млади фудбалери.
Пет репрезентативци до 19 години од Холандија беа исфрлени од репрезентацијата бидејќи ги прекршиле мерките за карантин.
Младиот холандски тим беше поразен од Италија со 3:0 во пријателски натпревар, а непосредно пред тоа тренерот Берт Контерман исфрли петмина од тренинг кампот.
Холандските медиуми пишуваат дека Арјани Марта, Наци Унувар, Рио Хилен (Ајакс), Мимеирхел Бенита (Феенорд) и Чави Симонс (ПСЖ) биле исфрлени бидејќи довеле девојки во хотелските соби.
На овој начин, тие не го загрозија здравјето на себе и на своите соиграчи, а селекторот веднаш им ја покажа излезната врата, па предвреме се вратија во своите клубови.