ФУДБАЛ

Холанѓаните во шок: Навивачите на Партизан направија скандал пред Хашкиот трибунал

Фудбалерите на Партизан вечерва одиграа реми против АЗ Алкмар (2:2) иако имаа водство од 2:0 до 88. минута.

Белградскиот клуб се наоѓаше на еден чекор од голема победа против Алкмар, бидејќи водеа со 2-0. Сепак, домашната екипа успеа да стигне до изедначување до крајот и херој на оваа екипа беше Друијф кој постигна два гола.

Сепак, главна тема во холандските медиуми вечерва се навивачите на Партизан, популарните Гробари кои ги шокираа сите со својот потег. Пред денешниот натпревар кој се одигра во Хаг, тие решија да одат пред славниот затвор во Хаг.

Во овој затвор се ноѓа воениот злосторник Ратко Младиќ, а Гробарите решија да дојдат до затворот во Шевенинген за да го поддржат извикувајќи го неговото име.

Навивачите на Партизан повеќе пати им донесоа жестоки казни кон својот клуб поради ваквото однесување, но овој пат ја преминаа секоја граница. И јавноста во Холандија е шокирана од нивниот потег, од поддршката што ја дадоа на осуден воен злосторник.