ФУДБАЛ

Хорхе Хесус: Не сакам да изгледаме како сегашната Барселона

Во 2. коло од Лигата на Европа, Бенфика на домашен терен го победи Стандард.

Португалскиот тим славеше со убедливи 3-0, а по мечот играчот на Стандард, Мехди Карсела-Гонзалез, истакна дека оваа Бенфика е како Барселона.

Сепак, неговите зборови не му се допаднаа на тренерот на португалскиот тим, Хорхе Хесус, кој истакна дека не сака неговиот тим да изгледа како сегашната Барселона.

“Не би рекол дека Бенфика е како сегашната Барселона и не сакам Бенфика да изгледа како Барселона сега. Барселона која играше пред неколку години “да”. Актуелниот тим нема ништо. Не сакам да изгледаме како сегашната Барселона”, истакна Хесус.