ФУДБАЛ

Хорор сцена: Фудбалска ѕвезда клоца мачка пред дете (ВИДЕО)

Страшното видео синоќа се појави на социјалните мрежи, а главната улога ја имаше фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума.

Францускиот дефанзивец е снимен како удира мачка во својот дом, а снимката ја објави неговиот брат.

Од Вест Хем потврдија дека на видеото е 27-годишниот фудбалер и го осудија неговото однесување.

“Вест Хем ги осудува постапките на нашиот фудбалер Курт Зума на видеото кое се појави. Разговаравме со него и тој ќе продолжи сам да се занимава со ова прашање. Сакаме да нагласиме дека не поддржуваме суровост кон животните”, изјавија од Вест Хем.

https://twitter.com/emilyhewertson/status/1490811894197886981

Зума исто така одговори и се извини за неговите постапки.

“Сакам да се извинам за моите постапки. Нема оправдување за моите постапки и навистина се каам. Жал ми е за сите кои се вознемирија од ова видео. Сакам да ве уверам дека нашите две мачки се добро и здрави. семејството ги обожава и ова беше инцидент кој никогаш повеќе нема да се повтори“.

Видеото е уште попатетично затоа што Зума ја удира мачката пред дете кое во еден момент му го додало несреќното животно.

Навистина грозни сцени кои предизвикуваат згрозеност кај сите нормални луѓе.