ФУДБАЛ

Хорор сцена: Се обиде да постигне акробатски гол, го нокаутираше противникот (ФОТО+ВИДЕО)

Волците се многу блиску до квалификациите за во следната фаза во Лигата на Европа, откако обезбедија победа во последната минута против Слован Братислава. Сепак, друг инцидент за време на натпреварот го привлече вниманието на социјалните медиуми.

Голот кој го постигна Раул Хименез во 92-та минута од натпреварот ја обезбеди победата на Волците со 1-0 и сега имаат девет поени од првите четири натпревари.

Сепак, само неколку дена откако Андре Гомес се здоби со тешка повреда на ногата за време на судирот во Премиер лигата, Евертон – Тотенхем, се случи уште еден сериозен инцидент на стадионот „Молинукс“.

Скоро крајот на второто полувреме, Хименез се обиде да постигне акробатски гол, но тој го удри во гостинскиот фудбалер Кенан Бајриќ во главата.

https://streamable.com/cm5ep

Бајриќ по ударот паднал во несвест на тревникот и му помогнале цели 11 минути пред да биде изваден на носилкиод теренот и заменет.

По натпреварот, тренерот Јан Козак изјави дека повредата на Бајриќ е доста сериозна, а засега е познато дека тој претрпел потрес на мозокот.

„Добрата вест е дека е буден, но е шокиран. Изгледаше како лоша повреда, доста сериозна. Еден од домаќинитте го удри во глава. Тој нема да оди дома со нас вечерва, ќе остане во болница. Гледањето во него во несвест беше многу тешко за нас“, рече Козак.

https://twitter.com/tiempo_mx/status/1192635749180428288

ПОВРЗАНО

Премиер Лига