Фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу денеска го изрази своето задоволство што по 11 години се вратил во тој клуб.
„Сонував за овој момент откако заминав, многу сум возбуден“, рече Хоселу на промоцијата.
Хоселу кариерата ја започна во Селта, од каде во 2009 година се пресели во Реал Мадрид, но најмногу настапуваше за Б тимот и одигра само еден натпревар за првиот тим на „кралскиот“ клуб.
Потоа играше за Штутгарт, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес и Еспањол, од каде дојде на едногодишна позајмица во Реал, со можност за откуп на договорот. Хоселу беше доведен по заминувањето на напаѓачот Карим Бензема на Ал Итихад, но и по истекувањето на договорите на Марко Асенсио и Маријано Диас.
„Сите знаеме какво ниво покажа Карим во овој клуб, но јас дојдов да работам поинаква работа. Ќе дадам се за овој клуб, тој е клубот на мојот живот, кога ќе излезете на теренот, особено на Бернабеу, сакате да постигнувате голови“, рече 33-годишниот Хоселу.
Тој е четвртото засилување на Реал во летниот преоден рок, по доаѓањето на Џуд Белингем, Фран Гарсија и Браим Дијаз.
