Македонската кошаркарска репрезентација одигра храбар, херојски меч против силната Италија. Водеше на полувремето, се држеше се до последните моменти од мечот, но крајот загуби со 92:84 во квалификациите за пласман на ЕП.
Италија досега нема пораз, има четири победи од исто толку мечеви, додека Македонија го доживеа и третиот пораз на третиот меч.
И покрај овој неуспех, Македонија останува со шанси за место на завршницата на континенталниот собир.
Следен противник е Русија, а мечот се игра утре. Преостануваат уште два меча против Италија и Естонија.
Ненад Димитријевиќ со 24 поени и 12 асистенции беше најдобар кај Македонија. Во таборот на Италија најефикасен беше Амедео Теситори со 18 поени.