Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ најави дека на натпреварот со Македонија неговата селекцијата нема да биде комплетна.
„Денеска тргнуваме со подготовките. До 3 јуни сите би требало да се тука, ќе се собираме во од што се вели. Против Македонија нема да бидеме комплетни и на тој меч ќе добијат шанса тие играчи што ќе бидат од стартот на подготовките. Тоа значи дека нема да можам да сметам на Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ и Марио Пашалиќ кои ќе почнат со тренинзи по мечот со Македонците“ рече покрај другото Далиќ.
Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни ќе одигра контролен меч со селекцијата на Хрватска.
