Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз ја констатираше оставката на Лино Червар поднесена пред неколку дена поради слабите резултати на СП во Египет и веднаш назначи негов наследник. На клупата на хрватската репрезентација во иднина ќе биде Хрвоје Хорват.
-Низ сите години што работев со Червар собрав многу искуство и знаење што ќе ми користи и помогне во водењето на сениорската репрезентација. Свесен сум колку е голема одговорност, изјави Хорват.