Хрватската фудбалска репрезентација не дебитира на најдобар начин во Лигата на нациите. Противникот на „Ватрените“ во Елче беше Шпанија предводена од Луис Енрике, која славеше со 6:0.
Светескиот вицешампион во овој натпревар настапиа со изменет состав, а тоа се осети на теренот, па прашањето за победник Шпанците го решиа практично во првото полувреме.
Хрватите значително подобро го започнаа натпреварот и во воведните минути пропуштиа неколку колосални шанси, па како и обично, следуваше казна. Во 24. минута, по одличното нафрлување на Карваљо, Саул со глава ја смести топката во голот за 1:0 водство на Шпанија.
Во 33. минута Шпанија ја зголеми предноста, овој пат преку Асенсио, а само две минути подоцна истиот играч повторно го матираше Калиниќ за 3:0 на полувреме.
Со одличната игра Шпанците продолжиа и во второто полувреме, па во 49. минута постигнаа уште еден гол, овој пат преку Родриго кој се најде пред Калиниќ и мирно погоди за 4:0. До крајот на натпреварот Шпанија успеа да постигне уште два гола, а стрелци беа Рамос и Иско за конечните 6:0 во Елче.
За Хрватска ова беше најтешкиот пораз откако стана независна држава, а претходниот најтежок пораз му го нанесе Англија во 2009. година на Вембли (5:1) во квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка.