Лука Модриќ се уште ја чека понудата на Реал Мадрид за продолжување на соработката.
И Хрватот игра многу, многу добро оваа сезона, иако имаше осцилации, кога беше најпотребно играше одлично.
Сепак, Реал Мадрид поради некоја причина се уште се двоуми, а денеска во мадридските кругови повторно се актуелизираше темата – хрватската репрезентација.
Очигледно никому во Мадрид не му е јасно зошто Лука Модриќ не се повлече од репрезентацијата по уште еден историски успех на Мундијалот.
Модриќ започна нов циклус на квалификации и очигледно е дека за него националниот амблем е свет, кој нема да го промени ниту Реал Мадрид.
Имаат јасен став во клубот, но и бројките кои им одат во прилог – настапите за репрезентацијата физички го исцрпуваат уште повеќе Модриќ. Ако се пресметаат настапите за клупски и репрезентативен тим, Хрватот оваа сезона помина на теренот неверојатни 3.345 минути, трет од сите играчи на Реал Мадрид, веднаш зад многу помладите Винисиус Јуниор и Феде Валверде.
Истите извори наведуваат дека сонот на Модриќ е кариерата да ја заврши во Мадрид, дека е подготвен за помала улога следната сезона, но дека никој не може да погоди што ќе се случи.
Ниту најблиското опкружување на Лука не може да гарантира дека Модриќ ќе остане во Мадрид, додека самиот играч е затворен и фокусиран на играта и натпреварите до крајот на сезоната.
Не треба да заборавиме дека Тони Крос има договор до 30 јуни, исто како и Дани Себаљос, па можеби Флорентино Перез би можел да преземе некои чекори…
Но, навистина би било глупаво да се условува Модриќ да се повлече од репрезентацијата, нели?
