ФУДБАЛ

Хрватска и покрај слабата игра, сепак остануваат во трката за нокаут фазата

Репрезентацијата на Хрватска ремизираше денес во Глазгов против Чешка (1:1) во натпреварот од второто коло од групната фаза на Европското првенство.

Хрватска денеска влезе во мечот со императив за победа, но на крајот освои само еден бод. Сепак, најважно за избраниците на Златко Далиќ е што тие и понатаму остануваат во игра за пласман во нокаут фазата.

Денес Чесите пружија одличен отпор на репрезентацијата на Хрватска и покажаа дека нема да биде изненадување доколку оние од оваа група се пласираат во нокаут фазата.

Селекцијата на Чешка многу подобро го отвори натпреварот и започна доста офанзивно. Првата сериозна можност ја видовме во 18. минута кога Шик имаше можност да шутира добро, но Ливаковиќ беше сигурен.

Хрватска возврати пет минути подоцна кога Перишиќ се обиде, но немаше гол. И тогаш видовме многу драма во 34 минута. Шик падна во хрватскиот шеснаесетник по дуелот со Ловрен, а Чесите побараа пенал.

Судијата Дел Серо прво мавташе со рацете, но потоа реши да го погледне видеото ВАР и досуди пенал за Чешка, што предизвика многу незадоволство.

Шик ја постави топката на белата точка и лесно го совлада Ливаковиќ за 1:0.

Хрватска можеше да израмни во следниот напад. Ребиќ излезе сам пред Вацлик, но не успеа да погоди и експресно да ја врати Хрватска на мечот.

Сепак, Хрватска одлично го започна второто полувреме. Хрватите веќе успеаја да израмнат на 1:1 во 47. минута кога одличен погодок постигна Иван Перишиќ.

Хрватите можеа да ги сврти работите во 73. минута. Во шанса беше Влашиќ кој успеа да шутира по центаршутот, но топката отиде покрај голот на Чешка и остана 1:1.

До крајот на мечот резултатот не се смени, па Хрватска и Чешка ги поделија бодовите, што секако многу подобро им одговара на Чесите. Чешка е прва во групата со четири бода, додека Хрватите сега имаат еден бод. Натпреварот Англија – Шкотска се игра вечерва. Англичаните во моментов имаат три бода, а Шкотланѓаните се без бодови.

На Хрватска и треба победа во последното коло против Шкотска доколку сака да се пласира во нокаут фазата.