ФУДБАЛ

Хрватски третолигаш им продаде играч на Германците за 5,2 милиони евра, зад сето тоа стои познатиот менаџер

Хрватскиот третолигаш Кустошија го договори вториот голем трансфер во последните шест месеци, а овој пат го продаде Дино Клапија за 5,2 милиони. Клапија има само 17 години и досега беше во кадетскиот тим на загрепскиот клуб, а според достапните податоци никогаш не дебитирал за првиот тим. Сега младиот напаѓач направи мега трансфер и се сели во РБ Лајпциг. Договорот меѓу Кустошија и РБ Лајпциг потврди и најпознатиот трансфер гуру Фабрицио Романо, кој објави и дека Клапија веќе ги поминал лекарските прегледи.