Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Мата е на „Олд Трафорд“ од јануари 2014 година. За шест и пол сезони, тој направи 252 настапи и постигна 48 голови, но неговата епизода во Манчестер Јунајтед заврши.
Така барем пренесуваат медиумите од Англија, кои тврдат дека Мата треба да го напушти Манчестер Јунајтед една година пред истекот на неговиот договор и да ја продолжи кариерата во Турција. Во најпопуларниот таков клуб, Фенербахче.
Наводно, веќе се воспоставени контакти меѓу клубовите, а тренерот Оле Гунар Солскјер, кој не сметаше премногу на услугите на Мата оваа сезона, нема да има ништо против трансферот.
Од првата минута, Мата започна само осум натпревари во Премиер лигата, а доколку остане, веројатно ќе игра помалку во иднина.